Browse Items (383 total)

Пирк. Населба од хеленистичкото време. На 1 km северно од туристичката населба, над месноста Сирхан се издига гребен со зарамнето плато на кое се среќаваат фрагменти од керамички садови. Платото било прекопано со ровови во Првата светска војна.

Петрино.Населба од доцноантичкото време. Југозападно од училиштето "Мите Богоевски", при копањето на септичка јама е констатиран културен слој во кој се најдени фрагменти од керамички садови и друг археолошки материјал.

Певчиња (Градиште — Варпици). Населба и некропола од римското време. На брегот на езерото, на околу 500 м југоисточно од селото, со експлоатацијата на песок од страна на градежните претпријатија биле откривани темели од објекти и гробови од големи…

Нивје. Средновековна црква со некропола. Во непосредната близина на ловечкиот дом се гледаат остатоци од средновековна црква и окону неа гробови со конструкции од камени плочи, со ориентација запад-исток.

Нива на Цветко Стојановски. Осамен наод од доцноантичкото време. Во нивата што се наоѓа на 1 km од селото, на патот за селото Стење, бил откопан питос.
Output Formats

atom, csv, dc-rdf, dcmes-xml, json, omeka-xml, rss2