НАУМОВСКИ ПАНДЕ САНДРЕ. (1902 - 1943)

Title

НАУМОВСКИ ПАНДЕ САНДРЕ. (1902 - 1943)

Type

борец

Spatial Coverage

Волкодери

Temporal Coverage

НОВ

Biographical Text

Роден е во село Болно во 1902 година, а потоа преселен во село Волкодери. Потекнува од селскосиромашно семејство и се занимавал со земјоделие. Во Народноослободителното движење се вклучил од 1941 година.

Во НОВ стапил во мај 1943 година во редовите на Битолско-преспанскиот НОП одред "Даме Груев". По заминувањето на главнината на Одредот за Дебарца на 17 јули 1943 година, Сандре останал во Преспанскиот партизански одред. Зел активно учество во сите борбено-политички акции што Одредот ги извршувал на територијата на Преспа, македонските села во Албанија и Егејскиот дел од Македонија. Загинал во борбите што Одредот ги водел со една бугарска фашистичка единица во село Бесвина - Егејска Македонија на 2 февруари 1944 година.

Citation

“НАУМОВСКИ ПАНДЕ САНДРЕ. (1902 - 1943),” Преспа, accessed November 22, 2024, https://pelister.org/Omeka/items/show/252.

Social Bookmarking