НАУМОВСКИ ПАНДЕ САНДРЕ. (1902 - 1943)
Наслов
НАУМОВСКИ ПАНДЕ САНДРЕ. (1902 - 1943)
Тип
борец
Просторно покривање
Волкодери
Временско покривање
НОВ
Биографски текст
Роден е во село Болно во 1902 година, а потоа преселен во село Волкодери. Потекнува од селскосиромашно семејство и се занимавал со земјоделие. Во Народноослободителното движење се вклучил од 1941 година.
Во НОВ стапил во мај 1943 година во редовите на Битолско-преспанскиот НОП одред "Даме Груев". По заминувањето на главнината на Одредот за Дебарца на 17 јули 1943 година, Сандре останал во Преспанскиот партизански одред. Зел активно учество во сите борбено-политички акции што Одредот ги извршувал на територијата на Преспа, македонските села во Албанија и Егејскиот дел од Македонија. Загинал во борбите што Одредот ги водел со една бугарска фашистичка единица во село Бесвина - Егејска Македонија на 2 февруари 1944 година.

Колекција
Цитирање
“НАУМОВСКИ ПАНДЕ САНДРЕ. (1902 - 1943),” Преспа, пристапено на 22 ноември 2024 г., https://pelister.org/Omeka/items/show/252.