Мисурица. Населба и некропола од римското време. На 1 км северно од селото, во рамнината крај езерскиот брег, на блага височинка што се издига над околниот терен и зафаќа површина од околу 4 хектара, при обработувањето на земјата мештаните наидувале…
Метилец. Населба од доцнохеленистичкото време. Покрај езерскиот брег помеѓу селата Наколец и Штрбово, на простор од околу 33 х 100 m се забележуваат остатоци од темели на градби градени од монолитни камења и фрагменти од керамички садови. Наодите се…
Маркова Нога. Населба од хеленистичкото и доцно-античкото време. Во непосредната близина на граничниот премин покрај езерскиот брег, со повлекувањето на водите на езерото се откриени објекти градени од камени блокови, слични на градбите од…
Лозјата. Населба од неолитското време. По површините на селските лозја, кои лежат 2 km западно од селото, се забележуваат фрагменти од керамички садови и голем број орудија од камен и кремен.
Ливатчиња. Вила рустика од римското време. На имотот на Ефтим Митрески, што се наоѓа на источната страна на селото, со сондажното археолошко истражување извршено во 1972 година се откриени остатоци од објект со хипокауст, како и археолошки…
Ливаѓе. Населба од доцноантичкото време. Во непосредната близина на селото, од јужната страна, со сондажното археолошко истражување извршено во 1973 година е откриен голем број археолошки предмети, и тоа фрагменти од керамички садови, питоси, тегови…
Летувалиште. Населба од доцноантичкото време. Со изградбата на туристички објекти, како и со интензивното садење на овоштарници во околината на селото, особено во нивите на Ефтим Митрески, В. Котески, Б. Тотевски и соседните, биле откривани темели од…
Леска. Населба од римското време. На 1 km источно од селото, покрај патот за Љубојно, во бавчата на Гоце Калајџиевски, со обработувањето на земјата биле откриени остатоци од темели на објекти со подови од камени плочи и фрагмент од стебло на столб.…