Св. Никола. Средновековна црква и некропола. На 1 km јужно од селото, околу црквата Св. Никола, која била изградена врз темели од постара црква, се наоѓаат гробови градени од камени плочи.
Од црковните споменици во селото, сочувани се црквите: Св. Никола од 1871 год., Св. Илија од 1919 г., Св. Јован, Св. Атанасие, но како најзначаен споменик, познат и пошироко би го издвоиле манастирот посветен на римската маченичка Св. Петка.…
Св. Петка. Средновековна црква со некропола. Во 1959 година, при изградбата на зградата на Стопанската банка биле откриени темели од црква и околу неа повеќе гробови.
Од селото Грнчари за да го посетиме познатиот манастир Св. Илија, се насочуваме кон исток, кон падините на Баба. Земјениот пат можеме да го поминеме со теренско возило или со пешачење . Со испешачени 3 км. по умерена угорнина, до светилиштето ќе…
Св. Спас. Средновековна црква. Југозападно од селото, на десниот брег на Елечка Река, на мало зарамнето плато се наоѓаат остатоци од урнатини на мала црквичка, позната кај мештаните под името Св. Спас.
Св. Спас. Старохристијанска црква и некропола. На околу 300 м северно од селото, од десната страна на патот Ресен-Охрид, на јужниот крај на платото од една мала височинка, која на северната страна се надоврзува на ридот Крушичка Краста, во 1968…