Св. Спас. Старохристијанска црква и некропола. Горно Крушје
Title
Св. Спас. Старохристијанска црква и некропола. Горно Крушје
Description
Св. Спас. Старохристијанска црква и некропола. На околу 300 м северно од селото, од десната страна на патот Ресен-Охрид, на јужниот крај на платото од една мала височинка, која на северната страна се надоврзува на ридот Крушичка Краста, во 1968 година се изградени нова црква Св. Спас, помошна зграда и ограден ѕид. При копањето на темелите за црквата, според кажувањето на мештаните, биле откриени темели од објект ѕидани од камен и хоросан мaлтер, подни тули и широки ќерамиди. Исто така, откриле и повеќе гробови градени од камени плочи. Во Музејската збирка во Ресен се чуваат тегули на кои има врежано претстави на птици
Type
археолошки наод
Spatial Coverage
Горно Крушје
Temporal Coverage
старохристијанско време
Collection
Citation
“Св. Спас. Старохристијанска црква и некропола. Горно Крушје,” Преспа, accessed November 22, 2024, https://pelister.org/Omeka/items/show/34.