Куќишта. Средновековна населба. Во подножјето на Баба Планина, на околу 2 km источно од селото има зарамнета површина на која се присутни грамади од кршен камен, покривни ќерамиди и друг градежен материјал. Според исказите на мештаните, пред Втората…
Куќишта. Средновековна населба. Западно од селото, во нивите на К. Колев и П. Пашаликовски, со орањето биле откривани остатоци од темели ѕидани со кршен камен и кал.
Курбиново. Населба од римското и доцноантичкото време. Во селото и во непосредната околина се откриени повеќе објекти градени од камен и варов малтер, имбрекси, тегули. При изградбата на плевна, Јонче Спироски нашол мермерна глава која сега се чува…
Кулине. Нселба од бронзеното, хеленистичкото и римското време и среднот век. На 1 km источно од селото има рид со зарамнето плато на кое се наоѓаат фрагменти од керамички садови и друг археолошки материјал од населби со различна временска и културна…
Кули. Населба од хеленистичкото време. На околу 600 м југоисточно од селото, покрај патот за црквата Св. Ѓорѓи, по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, тегови со различна форма и друго. Во 1967 година се извршени заштитни археолошки…
Кула. Утврдена населба со некропола од доцноантичкото време. На околу 1 км северно од селото се издига висок рид кој доминира над околниот терен. На зарамнетото плато јасно се распознаваат темели од одбранбен бедем, а на површината има грамади од…
Кула. Утврдена населба од доцноантичкото време. На околу 500 м северно од селото има висок рид со доминантна положба на чие зарамнето плато се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и множество градежен материјал.
Кула. Средновековна тврдина. На 1 km југозападно од летувалиштето Царина има висок рид со зарамнето плато на кое се забележуваат остатоци од средновековна тврдина.
Кула. Средновековна тврдина. На 2 km североисточно од селото, на висок рид со зарамнето плато, познат уште и под името Кулишта, се гледаат грамади од кршен камен и покривни ќерамиди. Видливи се и контурите на одбранбен бедем, а по површината се…
Кула. Средновековна тврдина. На 1 km источно од селото, на една голема височинка со зарамнето плато, по површината се гледаат грамади од градежен материјал и контурите од одбранбениот бедем на тврдината.
Крш Полена. Вила рустика од римското време. На 1,5 km западно од селото и на 500 м од езерскиот брег, во бавчата на Никола Неловски биле откриени темели од објект со повеќе простории и хипокауст.
Крес. Средновековна црква со некропола. Црквата Св. Димитрија се наоѓа на мало зарамнето плато, високо во подножјето на Баба Планина, оддалечено околу 1,5 km североисточно од селото. Според кажувањето на мештаните, околу црквата имало гробови…
Кременица.Населба од неолитското време. На околу 1 km североисточно од селото, од левата страна на патот Макази-Асамати, непосредно до раскрсницата каде што се спојува со патот за Долна Бела Црква, во нивата на М. Крушаровски и во соседните ниви, по…
Копачница. Населба од доцноантичкото време. На 1.200 м североисточно од селото, од левата страна на патот Макази-Асамати, во нивите на П. Миоски и А. Рахманоски, по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и множество градежен…