Кула. Утврдена населба со некропола од доцноантичкото време. Љубојно

Title

Кула. Утврдена населба со некропола од доцноантичкото време. Љубојно

Description

Кула. Утврдена населба со некропола од доцноантичкото време. На околу 1 км северно од селото се издига висок рид кој доминира над околниот терен. На зарамнетото плато јасно се распознаваат темели од одбранбен бедем, а на површината има грамади од градежен камен, тули и варов малтер. Остатоците од ѕидовите на тврдината биле оштетени во периодот 1936-1940 година кога селаните масовно ваделе камен за изградба на своите куќи. Во нивата на Л. Пашаликовски биле откопани гробови со конструкции од камени плочи во кои имало керамички садови.

Type

археолошки наод

Spatial Coverage

Љубојно

Temporal Coverage

доцноантичко време

Citation

“Кула. Утврдена населба со некропола од доцноантичкото време. Љубојно,” Преспа, accessed November 22, 2024, https://pelister.org/Omeka/items/show/87.

Social Bookmarking