Browse Items (383 total)

Старо Село - Св. Никола. Средновековна населба, црква и некропола. Околу 500-600 м северозападно од селото, на неколку мали каскадно распоредени тераси, според кажувањето, мештаните при обработувањето на земјата наидувале на темели од објекти градени…

Старо Село. Средновековна населба, црква и некропола. На 3,5-4 km североисточно од селото, на едно зарамнето плато се забележуваат темели од објекти, урнатини од црквичка со мали димензии и околу неа гробови градени од камени плочи, со ориентација…

Старо Село. Средновековна црква и некропола. Јужно од селото, во непосредната близина на езерскиот брег се откриени гробови градени од камени плочи. Според кажувањето на мештаните, при понизок водостој се појавувале и темели од објект, можеби од…

Старо Село. Средновековна црква со некропола. На 2 km северозападно од селото, од десната страна на патот Ресен-Охрид има мало ритче со зарамнето плато на кое се гледаат остатоци од мала црквичка и гробови градени од камени плочи.

Трансформатор. Средновековна населба. Во 1973 година, при изградбата на трансформаторот што се наоѓа на западниот крај на селото биле откриени ѕидови од објекти градени од камен и кaл.
Output Formats

atom, csv, dc-rdf, dcmes-xml, json, omeka-xml, rss2