СТРУМЕНИКОВСКИ СТЕФАН ДОНЕ. (1919 - 1944)

Title

СТРУМЕНИКОВСКИ СТЕФАН ДОНЕ. (1919 - 1944)

Type

борец

Spatial Coverage

Долно Дупени

Temporal Coverage

НОВ

Biographical Text

Роден е во село Долно Дупени на 8 јануари 1919 година. Основно образование завршил во родното место. Бидејќи немал можности за понатамошно школување се занимавал со земјоделие.

Во НОВ стапил по 9 септември 1943 година во составот на Битолскиот НОП одред "Гоце Делчев". Со формирањето на баталјонот "Стив Наумов" бил во неговите први редови. Во 1944 година влегол во II-та македонска бригада. При изведувањето на една борбена акција на неговата единица во село Горно Клештино-Леринско бил фатен од бугарската фашистичка војска, врзан со бодликава жица и на ѕверски начин убиен на 25 февруари 1944 година.

Citation

“СТРУМЕНИКОВСКИ СТЕФАН ДОНЕ. (1919 - 1944),” Преспа, accessed November 22, 2024, https://pelister.org/Omeka/items/show/266.

Social Bookmarking