Трно Нива. Населба од римското време. На 2 km југоисточно од селото, лево од патот за селото Козјак се наоѓаат нивите на Јордан Венцов и Крсте Тасевски со површина од неколку хектари, во кои се наоѓаат фрагменти од керамички садови и градежен…
Трафостаница. Средновековна некропола. На излезот од летувалиштето Царина кон селото Стење, во 1950 година, кога се градела трафостаницата, биле откриени неколку гробови со ориентација запад-исток и во нив биле најдени бронзен крст, прстен со врежана…
Трансформатор. Средновековна населба. Во 1973 година, при изградбата на трансформаторот што се наоѓа на западниот крај на селото биле откриени ѕидови од објекти градени од камен и кaл.
Старо Село. Средновековна црква со некропола. На 2 km северозападно од селото, од десната страна на патот Ресен-Охрид има мало ритче со зарамнето плато на кое се гледаат остатоци од мала црквичка и гробови градени од камени плочи.