Browse Items (383 total)

Анче. Рибарска населба од хелеинстичкото време. На околу 500 м северно од автокампот на летувалиштето Крани, со опаѓањето на нивото на Преспанско Езеро, во 1989 година, на површина од околу 300 х 100 м се појавиле повеќе пунктови со остатоци од…

Кобел. Населба од доцноантичкото време. На 500 м од селото, од двете страни на патот кон езерото, во нивите на Славе Дудумоски при обработувањето на земјата се откриени темели од објекти, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови,…

Св. Илија. Средновековна црква и некропола. На јужната страна од селото се издига тераса која благо се спушта кон запад и доминира над околниот терен. На западниот крај на терасата се гледаат остатоци од некропола и црква што била посветена на св.…

Св. Никола. Средновековна црква и некропола. На 1 km јужно од селото, околу црквата Св. Никола, која била изградена врз темели од постара црква, се наоѓаат гробови градени од камени плочи.

Старо Кривени. Oсамен наод од римското време. Според кажувањето на Ѓорѓи Иљоски од Старо Кривени, северно од селото, при обработувањето на земјата биле откопани неколку питоси.

Чешино. Населба од доцноантичкото време. Источно од селото, во подножјето на високиот Гричи Рид, при обработувањето на земјата мештаните наидувале на темели од објекти ѕидани од кршен камен и кал, камења за рачно мелење, а по површината на нивите се…

Каштино. Населба и топилница од доцноантичкото време. На 1,5 km источно од селото, во нивата на Панде Савевски се зачувани голем број остатоци од топена железна руда. Во непосредната близина е месноста Корија каде по површината се среќаваат фрагменти…

Кула. Средновековна тврдина. На 2 km североисточно од селото, на висок рид со зарамнето плато, познат уште и под името Кулишта, се гледаат грамади од кршен камен и покривни ќерамиди. Видливи се и контурите на одбранбен бедем, а по површината се…

Кули. Населба од хеленистичкото време. На околу 600 м југоисточно од селото, покрај патот за црквата Св. Ѓорѓи, по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, тегови со различна форма и друго. Во 1967 година се извршени заштитни археолошки…

Курбиново. Населба од римското и доцноантичкото време. Во селото и во непосредната околина се откриени повеќе објекти градени од камен и варов малтер, имбрекси, тегули. При изградбата на плевна, Јонче Спироски нашол мермерна глава која сега се чува…

Рајчинец. Средновековна населба. На 1 km северо¬источно од селото, на мала зарамнета површина се наоѓаат грамади од кршен камен, а наместа се среќаваат и фрагменти од керамички садови и питоси.

Рекиње. Топилница од доцноантичкото време. На околу 3 km источно од селото, во подножјето на Пелистер и во непосредната близина на изворот на малата река се гледаат грамади згура од топена железна руда.

Св. Атанасија. Средновековна црква. На 1 km источно од селото, од десната страна на патот има остатоци од средновековна црква со димензии од 7,60 х 5 м. Дебелината на ѕидовите, градени од кршен камен и варов малтер, изнесува 0,80 м.

Св. Ѓорѓи. Средновековна некропола. На 3 km источно од селото се наоѓа црквата Св. Ѓорѓи, изградена во XII век. При изведувањето на конзерваторските работи на црквата, во 1953 и 1980 година, се извршени и археолошки истражувања во неа и околу неа.…

Св. Крстовден. Базилика од старохристијанското време. Во селската црква Св. Крстовден се вградени повеќе сполии (импост-капители со претстава на два гулаба и крст). Архитектонска пластика се среќава и на повеќе места во селото и околу селото. Освен…

Андонови Градини. Населба од римското време. На североисточниот крај на селото, на блага падина што се спушта кон рекичката Плаича, при обработувањето на земјата мештаните наидувале на ѕидови од објекти. На долниот крај, во непосредната близина на…

Стара Црква — Св. Дух. Средновековна црква и некропола. На западниот раб на селото се издига висок рид со зарамнето плато на кое се забележуваат остатоци од ѕидови од објект со мали димензии. Околу него се гледаат гробови градени од камени плочи.…

Трансформатор. Средновековна населба. Во 1973 година, при изградбата на трансформаторот што се наоѓа на западниот крај на селото биле откриени ѕидови од објекти градени од камен и кaл.

Тумба. Населба од доцноантичкото време. На тромеѓата на селата Лавци, Прељубје и Дрмени, на мала височинка со зарамнето плато, во нивата на Сандре 3., при обработувањето на земјата биле откриени темели од објекти. По површината се среќаваат фрагменти…

Горна Црква. Осамени наоди од доцноантичкото време. Северно од селото, на десниот брег на малата селска река и во непосредната близина на црквата Св. Никола, во 1960 година, при копање на земја за правење тули биле откриени два питоса кои не се…
Output Formats

atom, csv, dc-rdf, dcmes-xml, json, omeka-xml, rss2