Исток. Средновековна црква. На околу 7-8 km од селото, во подножјето на врвот Исток, во месностите Долни и Горни Колиби се гледаат остатоци од разурнати цркви, распостранети од левата и десната страна на Источка Река. Црквичката во Горни Колиби била…
Јамиште. Пат од римското време. Северозападно од селото, во нивата на Трајан Трајкоски се откриени камени плочи редени една до друга. Најверојатно се работи за остатоци од античкиот пат Via Egnatia.
Јане Дол. Осамен наод од доцноантичкото време. Во нивата на Тасе Крстевски, што се наоѓа во непосредната близина на Јане Дол, биле откопани три питоса.
Кале. Средновековна тврдина. Југозападцо од селото се издига ридот Магарица, кој доминира над езерскиот брег и над патот што води за Отешево и Стење. На самиот врв има плато, издолжено во правец исток-запад и со површина од 5-6 хектари, на кое се…
Кале. Средновековна утврдена населба. На 5 km североисточно од селото, на висок рид со зарамнето плато што се издига над Кошарска Река и Источка Река, на поголем тешко пристапен простор се гледаат остатоци од утврдена населба. Откриени се ѕидови на…
Кале. Утврдена населба од римското време и средниот век. На околу 8-9 km западно од селото, високо во Петринска Планина има височинка со зарамнето плато, со површина од 150 х 40 т, на која се гледаат остатоци од одбранбен ѕид, широк 1 м, ѕидан од…
Камара. Населба од доцноантичкото време. Во непосредната близина на хотелот "Југославија", при изградбата на спортското игралиште биле откриени и делумно уништени остатоци од темели на објект, градени од камен и варов малтер, и повеќе питоси. Денес…
Катуниште. Населба од римското време. На 1 km западно од селото, на мала височинка од левата страна на патот Ресен-Болно, а непосредно до раскрсницата на патот Евла-Петрино, на површина од 2-3 хектара, при обработувањето на земјата мештаните откриле…
Каштино. Населба и топилница од доцноантичкото време. На 1,5 km источно од селото, во нивата на Панде Савевски се зачувани голем број остатоци од топена железна руда. Во непосредната близина е месноста Корија каде по површината се среќаваат фрагменти…
Кирејца. Населба од доцноантичкото време. На 1 km од селото, во правецот на селото Рајца, по површината на нивите се забележуваат фрагменти од керамички садови, питоси и множество градежен материјал.
Кобел. Населба од доцноантичкото време. На 500 м од селото, од двете страни на патот кон езерото, во нивите на Славе Дудумоски при обработувањето на земјата се откриени темели од објекти, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови,…
Козјак. Осамен наод од римското време. Во куќата на Благоја Котлароски од Ресен се наоѓа вотивна мермерна плоча која била донесена од селото Козјак, од непознат локалитет. На плочата е претставен Аполон кој во десната рака држи тирс, а во левата…