Кале. Средновековна тврдина. Шурленци
Title
Кале. Средновековна тврдина. Шурленци
Description
Кале. Средновековна тврдина. Југозападцо од селото се издига ридот Магарица, кој доминира над езерскиот брег и над патот што води за Отешево и Стење. На самиот врв има плато, издолжено во правец исток-запад и со површина од 5-6 хектари, на кое се наоѓаат остатоци од бедем ѕидан од камен и кал, широк 1 м и со височина наместа зачувана до 2 м. На јужната страна има остатоци од три одбранбени појаси од ѕидови, наредени еден под друг. Во внатрешниот простор на тврдината се забележуваат темели од помали објекти и множество градежен материјал. Според истражувањата на Т. Томоски тврдината е идентификувана како Константион, град што постоел во XI век.
Type
археолошки наод
Spatial Coverage
Шурленци
Temporal Coverage
средновековно време
Collection
Citation
“Кале. Средновековна тврдина. Шурленци,” Преспа, accessed November 22, 2024, https://pelister.org/Omeka/items/show/144.