Св. Никола. Осамен наод од римското време, средновековна црква со некропола. Сопотско
Title
Св. Никола. Осамен наод од римското време, средновековна црква со некропола. Сопотско
Description
Св. Никола. Осамен наод од римското време, средновековна црква со некропола. При изградбата на новата црква Св. Никола, која се наоѓа 1 km јужно од селото, биле откриени темели од постара црква. Во олтарниот дел на црквата е најдена мермерна плоча со грчки натпис во 36 реда, од кои подобро се зачувани последните неколку реда. Освен неа, се најдени уште 3 поголеми плочи, а по должината на темелите бронзени монети — скифати. Западно и јужно од новата црква се гледаат монолитни камени плочи од гробни конструкции. Плочата со натпис се чува во Музејската збирка во Ресен, а останатите три се пред влезот на црквата.
Type
археолошки наод
Spatial Coverage
Сопотско
Temporal Coverage
римско време
средновековно време
Collection
Citation
“Св. Никола. Осамен наод од римското време, средновековна црква со некропола. Сопотско,” Преспа, accessed November 22, 2024, https://pelister.org/Omeka/items/show/131.