Св. Никола. Осамен наод од римското време, средновековна црква со некропола. Сопотско
Наслов
Св. Никола. Осамен наод од римското време, средновековна црква со некропола. Сопотско
Опис
Св. Никола. Осамен наод од римското време, средновековна црква со некропола. При изградбата на новата црква Св. Никола, која се наоѓа 1 km јужно од селото, биле откриени темели од постара црква. Во олтарниот дел на црквата е најдена мермерна плоча со грчки натпис во 36 реда, од кои подобро се зачувани последните неколку реда. Освен неа, се најдени уште 3 поголеми плочи, а по должината на темелите бронзени монети — скифати. Западно и јужно од новата црква се гледаат монолитни камени плочи од гробни конструкции. Плочата со натпис се чува во Музејската збирка во Ресен, а останатите три се пред влезот на црквата.
Тип
археолошки наод
Просторно покривање
Сопотско
Временско покривање
римско време
средновековно време
Колекција
Цитирање
“Св. Никола. Осамен наод од римското време, средновековна црква со некропола. Сопотско,” Преспа, пристапено на 22 ноември 2024 г., https://pelister.org/Omeka/items/show/131.