Св. Атанас. Љубојно

Title

Св. Атанас. Љубојно

Description

Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата Св. Петар и Павле, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на Св. Атанасиј Велики. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна, најверојатно се направени во 1968 год. Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година.
Најважната содржина, со која го задржува вниманието оваа црква, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

Type

храм

Spatial Coverage

Љубојно

Date Created

17 век

Citation

“Св. Атанас. Љубојно,” Преспа, accessed November 22, 2024, https://pelister.org/Omeka/items/show/238.

Geolocation

Social Bookmarking