ДИНЕВСКИ ЈОСИФ СЛАВЕ. (1922 - 1944)

Title

ДИНЕВСКИ ЈОСИФ СЛАВЕ. (1922 - 1944)

Type

борец

Spatial Coverage

Долно Дупени

Temporal Coverage

НОВ

Biographical Text

Роден е во село Долно Дупени на 11 декември 1922 година. Произлеryва од селско семејство кое претежно се занимавало со земјоделие. Завршил основно образование во родното место.

Народноослободителното движење активно го помагал од почетокот на 1943 година. Во НОВ се приклучил по 9 септември 1943 година во составот на Битолскиот НОП одред "Гоце Делчев". Со Одредот учествувал во повеќе акции, а уште со формирањето на баталјонот "Стив Наумов" бил во неговите први редови. Зел учество во февруарскиот поход во Заштитното одделение на својот баталјон. Се истакна како храбар борец во борбата со бугарската фашистичка војска и полиција кај село Истибање, Кочанско, во која борба загинува на 18 февруари 1944 година.

Citation

“ДИНЕВСКИ ЈОСИФ СЛАВЕ. (1922 - 1944),” Преспа, accessed November 22, 2024, https://pelister.org/Omeka/items/show/262.

Social Bookmarking