ВЕЛЈАНОВСКИ КИМЕ ИЦЕ. (1924 — 1944)
Title
ВЕЛЈАНОВСКИ КИМЕ ИЦЕ. (1924 — 1944)
Type
борец
Spatial Coverage
Крушје
Temporal Coverage
НОВ
Biographical Text
Роден во село Крушје во 1924 година. Потекнува од сиромашно земјоделско семејство. Завршил основно образование во родното место, а потоа работел каксо општ работник. Како напреден младинец бил организиран во скоевската група од мај 1942 година. Прибирал оружје, храна, одржувал курирски врски и други работи за потребите на НОВ. Таа активност ја продолжил се до вклучувањето во единиците на НОВ во месец април 1944 година, кога стапил во редовите на Првата македонскo-косовска народноослободителна ударна бригада.
Се истакнал како храбар борец во борбата што Бригадата ја водела кај село Завој, Охридско, на 25 април 1944 година против бугарската фашистичка војска, кога бил фатен и на ѕверски начин убиен.
Се истакнал како храбар борец во борбата што Бригадата ја водела кај село Завој, Охридско, на 25 април 1944 година против бугарската фашистичка војска, кога бил фатен и на ѕверски начин убиен.
Collection
Citation
“ВЕЛЈАНОВСКИ КИМЕ ИЦЕ. (1924 — 1944),” Преспа, accessed November 22, 2024, https://pelister.org/Omeka/items/show/328.