ПРЦУЛОВСКИ ИЛИЈА МИТЕ. (1919- 1945)
Title
ПРЦУЛОВСКИ ИЛИЈА МИТЕ. (1919- 1945)
Type
борец
Spatial Coverage
Царев Двор
Temporal Coverage
НОВ
Biographical Text
Роден е во село Царев двор, на 10 ноември 1919 година. Основно образование заврши во родното село. Потекнува од земјоделско семејство.
Во НОВ стапи во месец мај 1943 година во составот на Битолско-преспанскиот НОП одред "Даме Груев". Учествуваше во борбено-политичките акции на Одредот на територијата на Преспа и Дебарца. Беше во првите редови на баталјонот "Мирче Ацев". Потоа влегува во составот на Првата македонска народноослободителна бригада, каде беше поставен за командант на Четвртиот баталјон. Подоцна станал курир на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија. Во почетокот на 1945 година бил префрлен во Народна одбрана. Загина на 12 мај 1945 година во борбите со балистите кај село Алдинци-Скопско.

Collection
Citation
“ПРЦУЛОВСКИ ИЛИЈА МИТЕ. (1919- 1945),” Преспа, accessed November 21, 2024, https://pelister.org/Omeka/items/show/378.