ПРЦУЛОВСКИ ИЛИЈА МИТЕ. (1919- 1945)
Наслов
ПРЦУЛОВСКИ ИЛИЈА МИТЕ. (1919- 1945)
Тип
борец
Просторно покривање
Царев Двор
Временско покривање
НОВ
Биографски текст
Роден е во село Царев двор, на 10 ноември 1919 година. Основно образование заврши во родното село. Потекнува од земјоделско семејство.
Во НОВ стапи во месец мај 1943 година во составот на Битолско-преспанскиот НОП одред "Даме Груев". Учествуваше во борбено-политичките акции на Одредот на територијата на Преспа и Дебарца. Беше во првите редови на баталјонот "Мирче Ацев". Потоа влегува во составот на Првата македонска народноослободителна бригада, каде беше поставен за командант на Четвртиот баталјон. Подоцна станал курир на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија. Во почетокот на 1945 година бил префрлен во Народна одбрана. Загина на 12 мај 1945 година во борбите со балистите кај село Алдинци-Скопско.

Колекција
Цитирање
“ПРЦУЛОВСКИ ИЛИЈА МИТЕ. (1919- 1945),” Преспа, пристапено на 21 ноември 2024 г., https://pelister.org/Omeka/items/show/378.