Св. Димитриј. Штрбово
Title
Св. Димитриј. Штрбово
Description
Самата црквичка е мала еднокорабна градба со полукружна апсида на источната фасада и влез од запад. Над западниот влез во црквата од надворешната страна во плитка ниша, поставена е мермерна плоча со подолг врежан натпис. Од него дознаваме дека градбата е обновена во 1929 година со помош на прилозите од жители на селото Штрбово. Во внатрешноста на црквата нема ѕидно сликарство а на иконостасот се икони без некакви забележителни уметнички квалитети.
Type
храм
Spatial Coverage
Штрбово
Collection
Citation
“Св. Димитриј. Штрбово,” Преспа, accessed November 24, 2024, https://pelister.org/Omeka/items/show/392.