Св. Никола. Наколец
Title
Св. Никола. Наколец
Description
Карактеристично за оваа населба е тоа што во неа има две цркви посветени на Св. Никола. Едната,лоцирана крај самиот брег од езерото, е од понов датум, од првата половина на 20 век, а другата, постарата, според натписот на јужната фасада е датирана во 1854 год.
Постарата градба е лоцирана во централниот дел од селото. Сместена е во ограден иот простор, заедно се селските гробишта. Според својата архитектонска конструкција се вбројува во типот на мали трикорабни псевдобазилики, со петтострана апсида на исток и доградени помошни простории крај западната фасада. Во внатрешноста на црквата се влегува од јужната страна и тоа низ еден влез кој води во наосот и еден, кон олтарскиот простор. Јужната фасада во поново време е измалтерисана, така што автентичниот опус на ѕидаријата може да се види само на источниот и северниот ѕид. Кровот е со едноставно решение на две води.
Наосот е издвоен од нартексот со ниска пре града, додека пред олтарскиот дел е иконостасот со три реда на икони. На иконостасот се икони работени од повеќемина анонимни мајстори.
Врз ѕидните површини во наосот и олтарскиот простор не се сочу вале траги од постаро сликарство. Можеби постоечкото сликарство од поново време со лош квалитет, е нанесено токму врз постарите нсликани партии, со што е нарушена автентичната содржината во црквата.

Type
храм
Spatial Coverage
Наколец
Collection
Citation
“Св. Никола. Наколец,” Преспа, accessed November 24, 2024, https://pelister.org/Omeka/items/show/393.