Св. Атанас. Старохристијанска базилика. Покрвеник

Title

Св. Атанас. Старохристијанска базилика. Покрвеник

Description

Св. Атанас. Старохристијанска базилика. Во просторот меѓу старата и новата населба се наоѓа малата црквичка Св. Атанас. При копањето на темели за нова црква мештаните откриле остатоци од постар објект. Со археолошките ископyвања извршени од Музејската збирка во Ресен е констатирано дека се работи за трикорабна базилика со нартекс, анекс-просторија на северната страна на нартексот и три простории на јужната страна, од кои едната е крстилница со кружна писцина. Подот во олтарниот простор е од малтер, а во наосот од плочи и печена земја. Покрај темелите од ѕидовите се најдени фрагменти од стебла на столбови, меноа, бази и два капитела.

Type

археолошки наод

Spatial Coverage

Покрвеник

Temporal Coverage

старохристијанско време

Citation

“Св. Атанас. Старохристијанска базилика. Покрвеник,” Преспа, accessed November 22, 2024, https://pelister.org/Omeka/items/show/108.

Geolocation

Social Bookmarking