Св. Атанас. Старохристијанска базилика. Покрвеник

Наслов

Св. Атанас. Старохристијанска базилика. Покрвеник

Опис

Св. Атанас. Старохристијанска базилика. Во просторот меѓу старата и новата населба се наоѓа малата црквичка Св. Атанас. При копањето на темели за нова црква мештаните откриле остатоци од постар објект. Со археолошките ископyвања извршени од Музејската збирка во Ресен е констатирано дека се работи за трикорабна базилика со нартекс, анекс-просторија на северната страна на нартексот и три простории на јужната страна, од кои едната е крстилница со кружна писцина. Подот во олтарниот простор е од малтер, а во наосот од плочи и печена земја. Покрај темелите од ѕидовите се најдени фрагменти од стебла на столбови, меноа, бази и два капитела.

Тип

археолошки наод

Просторно покривање

Покрвеник

Временско покривање

старохристијанско време

Цитирање

“Св. Атанас. Старохристијанска базилика. Покрвеник,” Преспа, пристапено на 22 ноември 2024 г., https://pelister.org/Omeka/items/show/108.

Листа со можни излезни формати

Геолоцирање

Социјални обележувачи