Св. Архангел Михаил. Долно Дупени
Title
Св. Архангел Михаил. Долно Дупени
Description
На територијата од денешното село Д. Дупени, се наоѓа црквата посветена на споменот на чудата на Св. Архангел Михаил. Прославувањето на овој празник, кое се случува на 19 септември, претставува истовремено и селска слава. Храмот претставува еднокорабна градба со полукружна апсида и влез од јужната страна. Според податоците се кои располагаме црквата е изградена на старо култно место во 1883 година Во поново време сите надворешни ѕидиви се измалтерисани, а врз западната и делумно северната фасада се прилепени неколку помошни простории. Во внатрешноста на црквата, ѕидно сликарство има само зад владичиниот трон во централниот дел а во олтарниот простор во нишата од жртвеникот и главната апсидална конха. Тоа потекнува од 1894 година, односно од периодот кога населбата полека од локацијата на некогашното Горно Село постепено се префрла на денешната местоположба.
Олтарната преграда е со два реда на икони изработени од истиот мајстор што го работел ѕидното слокарство. Според испишаните години и тие се датирани заедно со изработката на целиот иконостас во 1894 година.
Олтарната преграда е со два реда на икони изработени од истиот мајстор што го работел ѕидното слокарство. Според испишаните години и тие се датирани заедно со изработката на целиот иконостас во 1894 година.
Type
храм
Spatial Coverage
Долно Дупени
Date Created
19 век
Collection
Citation
“Св. Архангел Михаил. Долно Дупени,” Преспа, accessed November 22, 2024, https://pelister.org/Omeka/items/show/188.