Мисурица. Населба и некропола од римското време. Асамати
Title
Мисурица. Населба и некропола од римското време. Асамати
Description
Мисурица. Населба и некропола од римското време. На 1 км северно од селото, во рамнината крај езерскиот брег, на блага височинка што се издига над околниот терен и зафаќа површина од околу 4 хектара, при обработувањето на земјата мештаните наидувале на темели од објекти, а по површината се гледаат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и множество градежен материјал. Во нивата на Јонче Ристески од селото Рајца во 1935 година бил откриен гроб граден од тули и покриен со монолитна камена плоча. Во гробот немало прилози.
Type
археолошки наод
Spatial Coverage
Асамати
Temporal Coverage
римско време
Collection
Citation
“Мисурица. Населба и некропола од римското време. Асамати,” Преспа, accessed November 22, 2024, https://pelister.org/Omeka/items/show/21.