Прекоп. Населба од хеленистичкото време. Асамати

Title

Прекоп. Населба од хеленистичкото време. Асамати

Description

Населба од хеленистичкото време. На 2 км северно од селото и во правецот на селото Езерани, на самото езерско крајбрежје, на простор од 100 x 100 м по површината се гледаат остатоци од градби кои со едниот дел навлегуваат во водата на езерото. Објектите се откриени случајно, при опаѓањето на нивото на езерото. Најверојатно се работи за рибарски населби. Наодите се чуваат во Музејската збирка во Ресен.

Type

археолошки наод

Spatial Coverage

Асамати

Temporal Coverage

хеленистичко време

Citation

“Прекоп. Населба од хеленистичкото време. Асамати,” Преспа, accessed November 21, 2024, https://pelister.org/Omeka/items/show/22.

Social Bookmarking