Прекоп. Населба од хеленистичкото време. Асамати
Title
Прекоп. Населба од хеленистичкото време. Асамати
Description
Населба од хеленистичкото време. На 2 км северно од селото и во правецот на селото Езерани, на самото езерско крајбрежје, на простор од 100 x 100 м по површината се гледаат остатоци од градби кои со едниот дел навлегуваат во водата на езерото. Објектите се откриени случајно, при опаѓањето на нивото на езерото. Најверојатно се работи за рибарски населби. Наодите се чуваат во Музејската збирка во Ресен.
Type
археолошки наод
Spatial Coverage
Асамати
Temporal Coverage
хеленистичко време
Collection
Citation
“Прекоп. Населба од хеленистичкото време. Асамати,” Преспа, accessed November 22, 2024, https://pelister.org/Omeka/items/show/22.