Ружин Гроб. Тумул од железното време. Асамати

Title

Ружин Гроб. Тумул од железното време. Асамати

Description

Ружин Гроб. Тумул од железното време. Се наоѓа на 1,5 km северно од селото, во непосредната близина на езерскиот брег. Тумулот има пречник во основата од 15-20 м и зачувана височина од 1,5 м. Западната половина му е оштетена во Втората светска војна, со изградбата на бункер. Во 1976 година Музејската збирка од Ресен изврши пробни сондажни ископувања, при што се откриени два гроба со секундарно погребување. Гробовите биле градени од камен, а имале под од тегули. Гробни прилози не се најдени.

Type

археолошки наод

Spatial Coverage

Асамати

Temporal Coverage

железно време

Citation

“Ружин Гроб. Тумул од железното време. Асамати,” Преспа, accessed November 24, 2024, https://pelister.org/Omeka/items/show/23.

Social Bookmarking