Ружин Гроб. Тумул од железното време. Асамати
Наслов
Ружин Гроб. Тумул од железното време. Асамати
Опис
Ружин Гроб. Тумул од железното време. Се наоѓа на 1,5 km северно од селото, во непосредната близина на езерскиот брег. Тумулот има пречник во основата од 15-20 м и зачувана височина од 1,5 м. Западната половина му е оштетена во Втората светска војна, со изградбата на бункер. Во 1976 година Музејската збирка од Ресен изврши пробни сондажни ископувања, при што се откриени два гроба со секундарно погребување. Гробовите биле градени од камен, а имале под од тегули. Гробни прилози не се најдени.
Тип
археолошки наод
Просторно покривање
Асамати
Временско покривање
железно време
Колекција
Цитирање
“Ружин Гроб. Тумул од железното време. Асамати,” Преспа, пристапено на 25 ноември 2024 г., https://pelister.org/Omeka/items/show/23.