Ружин Гроб. Тумул од железното време. Асамати
Title
Ружин Гроб. Тумул од железното време. Асамати
Description
Ружин Гроб. Тумул од железното време. Се наоѓа на 1,5 km северно од селото, во непосредната близина на езерскиот брег. Тумулот има пречник во основата од 15-20 м и зачувана височина од 1,5 м. Западната половина му е оштетена во Втората светска војна, со изградбата на бункер. Во 1976 година Музејската збирка од Ресен изврши пробни сондажни ископувања, при што се откриени два гроба со секундарно погребување. Гробовите биле градени од камен, а имале под од тегули. Гробни прилози не се најдени.
Type
археолошки наод
Spatial Coverage
Асамати
Temporal Coverage
железно време
Collection
Citation
“Ружин Гроб. Тумул од железното време. Асамати,” Преспа, accessed November 25, 2024, https://pelister.org/Omeka/items/show/23.