СТОЈАНОВСКИ НИКОЛА ЦВЕТКО. (1921 - 1944)
Title
СТОЈАНОВСКИ НИКОЛА ЦВЕТКО. (1921 - 1944)
Type
борец
Spatial Coverage
Брајчино
Temporal Coverage
НОВ
Biographical Text
Роден е во село Брајчино на 20 април 1921 година. По занимање бил пекарски работник, во Битола. Како напреден младинец и симпатизер на Народноослободителното движење станувал член на СКОЈ во 1942 година. По провалата на партиската организација и СКОЈ во Битола се враќа во родното место. Активно продолжил да работи за Народноослободителното движење заедно со неговиот брат Јосиф. Постојано ги снабдува одредите "Гоце Делчев" и Преспанскиот одред со прехранбени продукти кога истите беа сместени во логорот над нивното село.
Во септември 1943 година стапувал во редовите на Преспанскиот партизански одред и учествувал во борбите што Одредот ги водеше во селата од Егејскиот дел на Македонија. Беше во редовите на баталјонот "Стив Наумов" и во една борба кај село Бесвина против германските фашисти беше фатен, а во месец јануари 1944 година убиен.

Collection
Citation
“СТОЈАНОВСКИ НИКОЛА ЦВЕТКО. (1921 - 1944),” Преспа, accessed November 22, 2024, https://pelister.org/Omeka/items/show/250.