СТОЈАНОВСКИ НИКОЛА ЦВЕТКО. (1921 - 1944)

Наслов

СТОЈАНОВСКИ НИКОЛА ЦВЕТКО. (1921 - 1944)

Тип

борец

Просторно покривање

Брајчино

Временско покривање

НОВ

Биографски текст

Роден е во село Брајчино на 20 април 1921 година. По занимање бил пекарски работник, во Битола. Како напреден младинец и симпатизер на Народноослободителното движење станувал член на СКОЈ во 1942 година. По провалата на партиската организација и СКОЈ во Битола се враќа во родното место. Активно продолжил да работи за Народноослободителното движење заедно со неговиот брат Јосиф. Постојано ги снабдува одредите "Гоце Делчев" и Преспанскиот одред со прехранбени продукти кога истите беа сместени во логорот над нивното село.

Во септември 1943 година стапувал во редовите на Преспанскиот партизански одред и учествувал во борбите што Одредот ги водеше во селата од Егејскиот дел на Македонија. Беше во редовите на баталјонот "Стив Наумов" и во една борба кај село Бесвина против германските фашисти беше фатен, а во месец јануари 1944 година убиен.

Цитирање

“СТОЈАНОВСКИ НИКОЛА ЦВЕТКО. (1921 - 1944),” Преспа, пристапено на 22 ноември 2024 г., https://pelister.org/Omeka/items/show/250.

Листа со можни излезни формати

Социјални обележувачи