МАРКОВСКИ РИСТЕ ВАНКО. (1920 - 1945)
Title
МАРКОВСКИ РИСТЕ ВАНКО. (1920 - 1945)
Type
борец
Spatial Coverage
Сопотско
Temporal Coverage
НОВ
Biographical Text
Роден на 9 јануари 1920 година во село Сопотско.
Завршил основно образование во родното место а се занимавал со земјоделие.
Со напреднато револуционерно движење бил запознат уште пред окупацијата на земјата. Во 1941 година бил примен за член на организацијата на КПЈ во селото. Во големата провала на партиските организации во Преспа, во септември 1942 година, бил уапсен и затворен во участокот во село Кажани. Потоа одлежува 6 месеци во затворот во Битола, но поради недостиг на докази е ослободен од понатамошното обвинение.
Доброволно се приклучил во НОВ во август 1944 година во редовите на VII-та македонска брига. Во составот на 42-та дивизија на 15-корпус учествувал на Сремскиот фронт и во завршните операции за ослободување на земјата. Загина на 16 април 1945 година во борбите со Германците кај Врпоље - СР Хрватска.

Collection
Citation
“МАРКОВСКИ РИСТЕ ВАНКО. (1920 - 1945),” Преспа, accessed November 22, 2024, https://pelister.org/Omeka/items/show/372.