Св. Петка. Брајчино
Наслов
Св. Петка. Брајчино
Опис
Од црковните споменици во селото, сочувани се црквите: Св. Никола од 1871 год., Св. Илија од 1919 г., Св. Јован, Св. Атанасие, но како најзначаен споменик, познат и пошироко би го издвоиле манастирот посветен на римската маченичка Св. Петка. Доаѓањето во манастирот и престојот може да се најави кај лицето Миле Нивички, во селото Брајчино или на тел. 075/649-038.
До светилиштето се пристигнува по пешачката патека која почнува на источниот дел од селото за околу 15 минути. Иако манастирот не е активен, со залагање на верниците во последните години се обновени конаците југозападно од црквата. Храмот поставен во средината од комплексот, претставува мала еднокорабна градба, со покрив на две води, триделна апсида и единствен влез од западната страна. а и насликана во последната четвртина на 15 век. Најстарото сликарство е сочувано на источниот и западниот ѕид од наосот како и на западната фасада од најстариот дел, која сега со подоцнежната доградба се претвори во источен ѕид од нартексот. На источниот ѕид во апсидалната конха се допојасјата на св. Богородица и на малиот Христос, во горниот дел и Службата на светата литургија во која учествуваат познатите црковни отци св. Василиј Велики и св. Јован Златоуст, во најдолната зона. Помеѓу нив насликан е малиот Христос, кој како жртва лежи во широк сад, покрај путирот поставени на чесната трпеза. Од двете страни на триумфалниот лак се насликани популарните маченици св. Симеон и св. Данило. Во нишата од протезисот е фигурата на првомаченикот св. Стефан а во онаа од ѓакониконот е допојасјето на Роман Мелод. Во погорната зона од источниот ѕид како што е вообичаено е претставата на Благовештението со фигурите на архангел Гаврил и св. Богородица.
На некогашната западна фасада доминира претставата на Страшниот суд, редуци рана само на поединечни елементи од оваа сложена композиција. Најгоре, е иконографијата на Царскиот деизис, кој од 14 век, на територијата на Охридската архиепископија се слика во различни варијанти. Во патроната ниша е допојасната претстава на св. Петка со крст во деснат рака. Лево и десно од нишата се коњаничките фигури на св. Мина и св. Ѓорѓи. Според стилските анализи, се верува дека анонимниот сликар на ова сликарство потекнува од соседните зографски работилници, формирани во околината на Костур.
Во црквата покрај најстарите фрески се сочувани и остатоци на ѕидно сл икарство и икони од 16, 17 и 19 век, што говори за повеќевековната активност и опстојувањето на манастирот.
Во непосредна близина на северниот ѕид од светилиштето е познатиот изво р со света
вода, која меѓу верниците се смета за лековита.

Тип
манастир
Просторно покривање
Брајчино
Колекција
Цитирање
“Св. Петка. Брајчино,” Преспа, пристапено на 22 ноември 2024 г., https://pelister.org/Omeka/items/show/187.