Св. Недела. Населба од бронзеното време. Асамати
Наслов
Св. Недела. Населба од бронзеното време. Асамати
Опис
Св. Недела. Населба од бронзеното време. На околу 500 м северно од селото и 100 м јужно од раскрсницата на патот Макази-Претор се наоѓа блага височинка - тумба, која е доста развлечена од интензивните земјоделски работи. Во нивите на Мефаил Taипи во 1978-80 година е извршено заштитно археолошко ископување при што се откриени остатоци од куќа, градена од дрвена граѓа и кал, од крајот на бронзеното време. Подвижниот археолошки материјал го претставуваат множество керамички садови за секојдневна употреба, со различни димензии и форми, скромно украсени со вдлабнатини од прсти. Најдени се орудија од коска и камен, како и тегови и прешлени од земја. Неколкуте групи од фрагментирани керамички садови асоцираат на грнчарска работилница. Средниот дел на куќата е уништен со вкопувањето на подоцнежен објект, со ѕидови дебели 1 м сувоѕидица, поставени во правец исток-запад, организирани во облик на буквата П. Функцијата и временската припадност на овој објект не можеле да се определат. Наодите се чуваат во Музејската збирка во Ресен.
Тип
археолошки наод
Просторно покривање
Асамати
Временско покривање
бронзено време
Колекција
Цитирање
“Св. Недела. Населба од бронзеното време. Асамати,” Преспа, пристапено на 24 ноември 2024 г., https://pelister.org/Omeka/items/show/25.