ТРАЈЧЕВСКИ ЈОНЕ МИТЕ - СТАРЕЈКО. (1920 - 1943)
Наслов
ТРАЈЧЕВСКИ ЈОНЕ МИТЕ - СТАРЕЈКО. (1920 - 1943)
Тип
борец
Просторно покривање
Златари
Временско покривање
НОВ
Биографски текст
Роден е во с. Златари во 1920 година. Основно образование завршил во родното село. Потекнувал од сиромашно селско земјоделско семејство. Немајќи можност за понатамошно школување се занимавал со земјоделие.
Бидејќи неговото село беше под бугарска окупација во 1941 година бил мобилизиран во бугарската фашистичка војска, но кога во пролетта 1942 година си дошол на отсуство повеќе не се вратил во војска.
Ја прифатил одлуката на партиската организација на село Златари и преминал во илегалство. При крајот на мај 1942 година, заедно со неговиот другар Науме Веслиевски-Овчарот биле прифатени како илегалци од основната партиска организација на с. Подмочани.
Мите беше напреден младинец и симпатизер на СКОЈ. Тој беше вклучен во првото јадро за формирање на партизански одред во Преспа. Со формирањето на Битолско-преспанскиот НОБ одред "Даме Груев" на 6 јули 1942 година во непосредна близина на неговото родно село, Старејко бил во неговите први редови.
Учествувал во сите борбено-политички акции што Одредот ги изведуваше на територијата на Преспа и битолско, акциите во македонските села во Албанија и селата од Егејскиот дел на Македонија. На 17 јули 1943 година заедно со главнината на Одредот "Даме Груев" како јадро за формирање на баталјон, заминал за Дебарца - Охридско, при што учествувал во сите акции. Со формирањето на Првиот баталјон во Македонија "Мирче Ацев" бил поставен за командир на чета. Учествувал во повеќето борби што баталјонот ги водел на територијата на Дебарца и Кичевско. Се истакнувал со посебна револуционерна храброст. На 6 октомври 1943 година неговата единица води крвава борба со балистичките единици кај селото Кленоец-Кичевско. Во оваа борба Мите Трајчевски бил фатен и на ѕверски начин убиен.

Колекција
Цитирање
“ТРАЈЧЕВСКИ ЈОНЕ МИТЕ - СТАРЕЈКО. (1920 - 1943),” Преспа, пристапено на 22 ноември 2024 г., https://pelister.org/Omeka/items/show/273.