БОЖИНОВСКИ ЈОВАН ДИМИТРИЈА. (1903 - 1938)
Наслов
БОЖИНОВСКИ ЈОВАН ДИМИТРИЈА. (1903 - 1938)
Тип
борец
Просторно покривање
Кривени
Временско покривање
НОВ
Биографски текст
Роден е 1903 година во село Кривени. Потекло има од земјоделско печалбарско семејство. Тешкиот живот во Кралството Југо- славија го принуди во 1926 година да го остави родното село и семејството и да замине на печалба во Соединетите Американски Држави. Подоцна се префрлува во Торонто, Канада. Таму се запознава со тешкиот живот на работничката класа и се определува за напредното работничко движење. Станува член на КП на Канада и ја посетува партиската школа за југословенското јазично подрачје во Торонто. Учествува на собирите што ги организирала КП на Канада и растурал нејзин пропаганден материјал. Кога во 1936 година избувна Шпанската граѓанска војна, Димитрија беше меѓy првите иселеници доброволци кој се оѕвал на повикот на КП на Канада за спасување на Шпанската република од фашистичката опасност. При крајот на февруари 1937 година со туристичка виза за Франција, заедно со други доброволци, пристигна во Хавр од каде се префрли во Париз. Тука воспостави врска со членови на КП на Франција, со чија помош на неколку пати безуспешно се обиде да ја премине границата преку Пиринеите. Поради тоа се префрлува во Марсеј, од каде на 17 март 1937 година пристигна во Барцелона. Групата на доброволци од Канада била упатена во Албасет, каде што беше центарот на интернационалните бригади. Во Харама се сретна со своите сограѓани и други југословенски доброволци.
Беше борец на артилерискиот дивизион "Група Еславо" и учествуваше на повеќе фронтови. Загина во 1938 година на фронтот кај Виљануса дела Канада.
Беше борец на артилерискиот дивизион "Група Еславо" и учествуваше на повеќе фронтови. Загина во 1938 година на фронтот кај Виљануса дела Канада.
Колекција
Цитирање
“БОЖИНОВСКИ ЈОВАН ДИМИТРИЈА. (1903 - 1938),” Преспа, пристапено на 22 ноември 2024 г., https://pelister.org/Omeka/items/show/322.