АНЃЕЛОВСКИ Б. ИЦЕ. (1924 - 25.1V.1944)

Наслов

АНЃЕЛОВСКИ Б. ИЦЕ. (1924 - 25.1V.1944)

Тип

борец

Просторно покривање

Крушје

Временско покривање

НОВ

Биографски текст

Роден е во с. Крушје во 1924 година. Неговото семејство се занимавало претежно со земјоделство и сточарство. По завршувањето на основното образование во родното село, немајќи можности да го продолжи школувањето останал да се занимава со земјоделие. Во 1940 година заминува на работа во Белград, каде се вработува како келнер. Таму се запознава со напредното револуционерно движење во кое активно учествува. По окупацијата на земјата продолжува да работи во Белград за потребите на Народ-ноослободителното движење. Таму е примен во редовите на СКОЈ. Во октомври 1942 година се враќа во родното село каде станува секретар на скоевската група.

Пролетта 1943 година прави напори да се поврзе со скоевските органиэации од реонот на Преспа под италијанска окупација. Во извршувањето на задачите бидува провален и фатен од италијанските карабинери кои им го предадоа на бугарските окупациони власти во Ресен. Тие го затвораат во полицискиот участок. По дваесетичетири-дневно мачење и испитување одведен е во окупаторскиот затвор во Битола, каде е задржан еден месец. Не признавајќи ништо за својата активност бидува ослободен од затворот и интерниран во село Скочивир. По ослободувањето од интернацијата и натаму продолжува со активна работа: прибирал храна, облека, оружје и др. материјал за единиците на НОВ.

Во првата половина на април 1944 година стапува во единиците на Првата македонско-косовска народно ослободителна ударна бригада. Учествува во борбата против бугарската фашистичка војска кај село Завој-Охридско водена на 25 април 1944 година. Во таа борба Ице беше фатен и убиен на ѕверски начин. Неговото тело беше масакрирано од бугарските фашистички војници.

Цитирање

“АНЃЕЛОВСКИ Б. ИЦЕ. (1924 - 25.1V.1944),” Преспа, пристапено на 22 ноември 2024 г., https://pelister.org/Omeka/items/show/327.

Листа со можни излезни формати

Социјални обележувачи