АНДОНОВСКИ ВАНГЕЛ ЖИВКО - БОЈАН. (1924- 1944)

Наслов

АНДОНОВСКИ ВАНГЕЛ ЖИВКО - БОЈАН. (1924- 1944)

Тип

борец

Просторно покривање

Лавци

Временско покривање

НОВ

Биографски текст

Роден е во село Лавци во 1924 година. Завршил основно образование во родното место каде останал да живее и се занимавал со земјоделие.

Како младински активист, решен да се бори против фашистичкиот окупатор почнува активно да работи за Народноослободителното движење уште од декември 1942 година. Во НОВ стапил во месец мај 1943 година во составот на Битолско-преспанскиот НОП одред "Даме Груев". Бил учесник во борбено-политичките акции на одредот на Дебарца, а со формирањето на баталјонот "Мирче Ацев" бил поставен за десетар. Подоцна влегол во редовите на баталјонот "Стив Наумов". Се истакнал како храбар борец во борбените акции што ги водела Третата македонска бриrада против бугарските фашистички војски кај Црна Трава Кумановско, во кои борби загинал на 6 мај 1944 година.

Цитирање

“АНДОНОВСКИ ВАНГЕЛ ЖИВКО - БОЈАН. (1924- 1944),” Преспа, пристапено на 22 ноември 2024 г., https://pelister.org/Omeka/items/show/333.

Листа со можни излезни формати

Социјални обележувачи