Старо Село - Св. Никола. Средновековна населба, црква и некропола. Горно Крушје

Наслов

Старо Село - Св. Никола. Средновековна населба, црква и некропола. Горно Крушје

Опис

Старо Село - Св. Никола. Средновековна населба, црква и некропола. Околу 500-600 м северозападно од селото, на неколку мали каскадно распоредени тераси, според кажувањето, мештаните при обработувањето на земјата наидувале на темели од објекти градени од камен и кал. На југоисточниот крај се откриени остатоци од мала црква посветена на св. Никола. Нејзините димензии изнесуваат 5,90 х 4,30 м. Околу црквата се гледаат гробови градени од камени плочи.

Тип

археолошки наод

Просторно покривање

Горно Крушје

Временско покривање

средновековно време

Цитирање

“Старо Село - Св. Никола. Средновековна населба, црква и некропола. Горно Крушје,” Преспа, пристапено на 22 ноември 2024 г., https://pelister.org/Omeka/items/show/35.

Листа со можни излезни формати

Социјални обележувачи