Св. Богородица Пречиста, Љубојно

Наслов

Св. Богородица Пречиста, Љубојно

Опис

Оваа мала еднокорабна црква е сместена во источниот дел од Љубојно. Несомнено дека врз неа се вршени повеќе преправки, во различни временски периоди, се до најново време. Црквата има полукружна апсида на исток и единствен влез од западната страна. На југозападниот агол од храмот сочуван е еден немалтерисан камен врз кој е испишана 1852. годината. Оваа година како и дел од иконите на иконостасот, не наведуваат на помислата дека кон средината на 19 век се извршени посериозни интервенции. Од иконописната содржина во црквата, застапени се и неколку икони од
1929 до 1937година.
На источниот ѕид од олтарниот простор, слично како и во црквата Св. Атанасиј од истото село, е сочувано ѕидно сликарство кое според стилските карактеристики може хронолошки да се датира во првата половина на 17 век. Од останатите композиции заслужуваат внимание претставите на св. Богородица со Христос во калотата од апсидата и претставата на Христовото Вознесение во горните партии.

Тип

храм

Просторно покривање

Љубојно

Креирано на

17 век

Цитирање

“Св. Богородица Пречиста, Љубојно,” Преспа, пристапено на 21 ноември 2024 г., https://pelister.org/Omeka/items/show/383.

Листа со можни излезни формати

Социјални обележувачи