Скршеното огледало

The broken mirror

Некој човек млад умрел и оставил жената му млада довица. Арно ама, па не се огрешил и господ го прибрал фоф рајо. Дал му тамока клучовето:

- Ја ти клучовето. Тука ќе шеташ, понам ќе шеташ, ќе одиш ама фоф таа соба нема да флазиш.

А там имало едно гулемо огледало и оттам господ гледал цалата земја шчо прават свето, народо шчо рабо ти. Куга еден ден он отвара тамо. Е-е, куга поѓлижџа на огледалото сѐ се доле гледа. Гледа неговото село. А натука, а натука, така гледа неговата кашча. Жената му там по преткашчи шета, оди, мете ... Куга по едно време доди еден маш тамо друг.

- О, добар ден! Прегршча а, целива а.

И он отува викнува:

- Е, бре, шчо правиш? Не е ле срамота?

И маанува да го удари, арно ама ка маанува и строшил огледалото.

И сега господ не гледа дуњата по земи шчо праи: од тогај, ка му тове скршил огледалото.

Кој шчо си иска, това си праи.

Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни
Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org