Чоеко што бараше да најди чоек што нема гајле ич во живото свој

The man who sought to find a man who had no worry in his life

Некој неблагодарен чоек пишман бил што бил роден на векот: „Ексик да е и ваков живот што живеам јас, кога немам нито еден ден да не се оскорбам и да не се јадосам. Блазеи му на свето што си живеат со раат, без да му ида(т) бели како што ми ида(т) мене...

Така мислејќи во себеси чоеко, ватил да се плачи на пријатели оти да не живеит без да му ида(т) бели и да се оскорбуат ката 'ен. Слушајќи тие зборои пр ијателите и непријателите од неблагодарнио чоек, му се чуделе на умо што го имал.

- Ејди пријателе - му велеле - зар ти си мислиш оти ние немаме никакво смуштение, ич тоа нешто да не го веруаш, секој си има гајле, кој помало, кој поголемо, а не да је без гајле како што си мислел ти. Зер ти не си чул што рекле стари оти без гајле нерасти тиквата на бостан, зер не си чул оти секоја планина си носи своја тежина? Ете и од тоа треба да знаиш оти и ние и сите луѓе што се на векот сите гајле имаат. Разбра сега? Ете вака да знаиш, пријателе, и отсега да не се срдиш коа ќе ти дојди некое смуштение.

Слушајќи тоа нешто неблагодарнио чоек, се увери донекаде, арно ама му се сакаше да живеит без да му иде некоја беља и стана да оди по друзи градои да бара луѓе што да живеат без гајле. Оде во еден град и прашал луѓе, отишол во друг и прашал, арно ама не нашол таквите луѓе. Кога отишол во треќио град, шетајќи по еден сокак, чул сурли и тапани да свира(т) и коа се вратил, видел во куќата голема радое и џумбуш да се праи во таа куќа. Домаќино што бил од куќата трчал радосен и весел да чести гостите, што поарно веќе не бидуало.

Прашал некого заошто се праел тој џумбуш; тој му кажал оти домаќино бил џемет чоек и давал јадење и пиење три-четири пати во неделата.

„Ја, еве еден чоек како што барам јас - си рекол со умо - ја чекај да го прашам како живеит што е без гајле?"

Си приближал крај него и го прашал:

- Знаиш, пријателе, што сакам да те прашам?

- Не знам, пријателе - одгоорил тој.

- Вистина не знаиш, иља слушај да ти кажам што сакам да те прашам: ти што праиш ваквие гозби и џумбуши и што си олку радосен и весел, треба да немаш некоја несреќа во живеењето твое, како што имам јас и сите луѓе, да за тоа си олку радосен и весел? Те молам ако не ми кажиш?

- Бре, да тоа си сакал да се научиш, ела ваму понастрана, поседи малце дури да 'и испратам луѓево и после ќе ти кажам.

Почекал малку дури си ошле гостите, и седнале двата да се поприкажуат.

- Е сега, пријателе, ти си кинисал да бараш чоек што да не го нашла некоја несреќа и што да живеит без гајле; ете саде тоа не ќе најдиш, пријателе - му рекол богатио што праеше гозби, - чунки таков је создаден овој век да се живеит се со маки и неоли, а не се раат, како што го бараш ти: Знаиш оти џумбушот мој што го праам Јет од големо rајле мое што и душмано да не го имат, а не од без гајле праам јас џумбуш.

- Еле, еле, лебати, ако не ми кажиш ошто гајле?

- Пеки, пријателе, да ти кажам ошто гајле: пред една година време ми се поболи жената на умирачка и што ќе ми вели кога беше толку болна: ако умрела таа, јас ќе сум сe женил за друга. Не е чаре, домаќинко, да се женам за друга - је велев - чунки сум те зел тебе јас на севда, асли и така беше, ја. Ти ако умриш, јас не се женам, бездруго да знаиш - је велев - не се женам. - Можиш да се не жениш, домаќине, - ми велеше - ама ако сториш едно нешто што ќе ти речам јас, тогај веруам да не се жениш и раат во гробо да си лежам.“ - Е, кажи, кажи домаќинко - и реков, - што да сторам? - „Еве што ќе сториш, домаќине: да си пресечиш малку од наредата и тогај веќе ќе те веруам, а инаку и на жар да седниш, пак не ти веруам.“ - Коа чув тие зборон, пријателе, од жената ми, без да помислам понадалеку, заслепен од пустата севда на неа што имав, си улишив наредата и ја уверив оти нема да се женам, арно ама шејтан пуш, што ти велаат, не умре, си оздраве: од као што беше - уште поздрава. И сега што ја спири ѓаол, натемаго, да бара маж и бидејќи не вредам јас за да и бидам маж. „Еј домаќине - ми рече - јас сега сум здрава од арно поарно и сега си сакам маж, а пак ти не си маж, сега јас сум намислила да си ваќам еден маж по два-три пати во недела, а ти пак седи при мене.“ - На тоа згора не остана збор за мене, чунки и домазет сум, да бегам - кај да одам, стоката е незина, ете денеска тики је дојде мажот што си го викна да лежи со него, а пак јас од страм и голема мака да гледам пред очи тоа нешто, ништо друго не знаев што да праам, отколку во гости, да праам со свирки и тапани да се забораам оти има друг маж жената ми. Ете, пријателе, џумбушо мој што је, разбра сега оти од висока планина да гледаш некое поле, ти се гледа рамно како тепсија, ако дојдиш близу до него, ќе му видиш страшни долишта, ендеци, бари и азмаци. Така се и маките по чоеците, пријателе. Ако ме слушаш мене, ој ми си дома, и што ќе ти дојди лошо, со благодарение тргај го; така и доброто кога ќе ти дојди, со радое пречекај го.

Коа чу од богатио тоа нешто, неблагодарнио чоек се зачуди и се увери оти сите луѓе сет со нестреќи во својио живот и си отишол дома, та станал од неблагодарен благодарен и си живеал како сите луѓе што живеат.

Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни
Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org