Поповата ќерка што не сакала да се мажи
The priest's daughter who didn't want to get married
Един поп и попадијата имали една ќерка само. Раснала и пораснала. Добро ја гледали, негували. Д'гокоса, сивоока, бела и црвена била. Коланче и купувало, фустанче и купувало. Демек, по мерак, најубава мома шчо ја е имало. Добро ама дошло време да ја мажат. Во селото тија прават свадба, други прават свадба, треќи прават свадба, нијната ќерка ошче не може да најде момче. И ја прашаа:
- Де мори ќерко, ошче ли немош да наеш некое момче?
- Ех, мори, мајко1 што ме прашаш за тоа? Јас не се мажам!
- Зашто не се мажиш?
- Море, видех едно чудо гулемо: еден млад ергенин спуштил курандата до колената. Комшиката умрела од него и затоа не се мажам. И јас мога да умра.
- Е, не се мажиш, не се мажиш!
Добро ама, кае них имало един измиќар, божем немал кур; он имал ама бааги крапатче. Имал, попо едно магаре и измиќаро го карал на вода. Ка го карал на вода, фанал та му отсекол ушите и го кара каде девојката на попо. И вика:
- Ди-и-и, да ти ебам стопанката, ти без уши ја без кур! Каде ќе одиме, не мош да се мажиме! Никоа ме девојка не сака.
Чула девојката. Одвреме на време, попадијата пак ја праша:
- Ајде, бре шчерко, ај да те мажиме?
- Па, мајко, добро, еве ќе се мажам ќе ме терате, ама ќе ме мажите за нашио измиќар.
- Ајде, бре будало, што си будала такваа!
- Само него го сакам, друг не сакам.
Она кажала на попо: тека и тека работата, нашта шчерка сака измиќаро. Добро, измиќаро, измиќаро. Девојката сметала дека он нема си куренце. Ех, ништо. Таа работа било. Ајде, напраили свадба, јадење, пиење, веселје ...
Измина една нош, две ношчи, третата нош ... Е, са ќе си спијат заедно како млади оти првата нош не е сакала девојката да спие со него. Е, легнали си. Невестата нешчо б'и ле ја нагазили, некоја сламка ле од осило од некој ичемик клас и флезнал. Он спада доле и низ ракавите надоле. Па рекла:
- Де, мажу, почеши ме, нешчо ме јаде низ ракаф, низ дреи надоле.
А он ќе ја чеше ле? Море, крфта му е зоврела та не знае каде да се дене! И куа това мандало пусто станало ѝ го е бабнал еднаш. А она:
- Е, ногу арно чешалото, ногу убаво чеше!
И таа работа свршила се. Утре вечер па така. За да стане некоја друга работа, рекол:
- Жено, ајде чешалото да го дигнеме! Нека стои за понатам.
И што ќе праи: божем ќе го дигнат. Не се дига това меретија: каде е зашиено, тамо си стои. Ама он за да напраи невестата немој да го остави оти е сиромах, ќе го стави на вратницата божем и божем мачка дошла:
- Прт, прт, мачко! Жено, станувај мари!
- Што е?
- Ами мачката однесе чешалото.
- Е, како го однесе, море?
- Ми падна доле од вратницата и однела го е мачката.
Добро ама, по тоа време попадијата се разбудила:
- Шчо, мари ќерко?
- Чешалото - вика - на мажо му падна и д'ием да го бараме.
И она на попо:
- Стани, море, девојчето плаче! Чешалото е паднало и д'ием да го тражим.
И тогава и попо станал и ошли да го тражат под вратницата. Ама това пусто не пада од там. На попо не му се здало да обува повеќе дрен ами сос мантијата спал си па без гаќи. Бил кон попадијата. А шчом се спие кон попадијата без гаќи се спие! Палаеќи по дворо де тамо, де онамо да бараа чешалото, попо клекнал а това се пусто омандувало и поповото чешало. Оттам шчерка му фата се:
- Е, тате, еве го моето чешало!
- Е, шчерко, не е ова за тебе чешало, туку това е на попадијата. Ајде, да сте ми здрави и живи! Нека ви е вечно! Чешалото е у зето - вика.
Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни