Голиот на гости

The naked guest

Си бил еден многу сиромав младич и одошто бил сиромав си кинисал некаде далеку на печалба. Одел, одел и приквечерина гo фатил некој силен дожд и вијулици и си рекол да побара да преноќи во крајната куќа во некое далечно село. Почукал на вратата. На стариот домаќин, кој излегол да види кој чука, му рекол:

- Се напрајв лилјак, пријателе, жити господ, прибери ме ноќва во куќава.

Стариот му рекол:

- Ќе мојш да влезиш, ама гол ќе се слечиш. Во вакво време ние сите дома голи се слеквиме.

Видело, невидело момчето, страм не страм, се слекло. Ко влегло внатре во одајата гледа: стариот - гол, двете снаи - голи, крај огнот се rрејат.

- Седни си, гpej се - рекол стариот - не страми се, сите сме голи, таков е адет кај нас.

Пошло крај огнот момчето и се топлит. Ама по некои време, пустиот, ѓавол да го носи, му се вроџил, се невидел.

Го видел стариот и му рекол:

- Што, пустината, бре синко, ти се нароџи од топлото?

На постарата сна е рекол:

- Оди, зеј го момчево во другана одаја, нека гo намекнит!

Ојде момчето, нејсе, сврши работа и пак отишло кај оганот да се топли. Ама, млад човек, се потоплил и по некое време, пак му се нароџил. Стариот рекол:

- Ај, пустината, пак се вроџил?

Е рекол на помладата сна да ојт со него во другата одаја. Свршило работа момчето и си рекло во себе: „Овде било за идење, пак ќе си дојда, ко ќе врнит дожд.“ Преспал ноќта, сабајлето му 'и исушиле алиштата и го пуштиле да си одит. По некое време, пак кога заврнало дожд, навечер зачукало на вратата кај стариот момчето.

- Бујрум, бујрум - рекол стариот.

Уште од врата младичот се слекол и трчат кај огништето. Ама таму не биле снаите, туку синоите на стариот. Се топлит момчето крај огнот и на постариот син му се вроџил. Старецот рекол:

- Стани, момче, одај во другана одаја, со синов свршете работа!

Пусти, штури, момчето, ама издржало некако. Уште еднуш не му текнало да дојт во таја куќа.

Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни
Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org