Два мажа сакала

Еден маж сакал да је види умо на жената си до колку пари је чини и да је обиди дали је вистина жената неверна, како што велеле старите луѓе. Неколку дни си идел дома се гајлелија и многу замислен. Гледајќи го жената така, го прашала:

- Море, што така ми стоиш без ќеф, бре домаќине? Што гајле нешто имаш, не ќе ми кажиш?

- Лели ме, прашаш, мори жено, да ти кажам што гајле имам. Ете што гајле имам: ме викнаа некни на конак и ми рекоа да си земам уште една жена, да две да ми се сторат, чунки таков ем'р имало од царо. Јас на тоа згора му се откажав, арно ама требало да даам илјада грошеи, да така да не земам уште една жена. Арно да даам илјада гроша, и да не земам друга жена, ами мажов што немат илјада пари? Ете тоа, жено, сум гајлелија, уште два дни имам мувлет или да даам илјада грошои и да не земам жена, или да земам; и јас не знам, домаќинко, како да праам?

- Немој, не земај друга, домаќине, оти ќе си го расипиш раатот, оти две кучки на едно буниште не живеат, како што не живеат и два петла на едно буниште. Да колку за пари, давај и ич не жаљај; ако немаш, земи го ѓердано мој и продај го на куменџии, земи пари и дај, да не си внесиш беља в куќи. Ако неќиш ѓердано да го продаиш, продај една нива и куртулисај од беља.

Бидејќи имал иктиза за пари, мажо го мавнал ѓердано и си видел работа.

По некој месец-два, па стоел гајлелија и замислен како напре. Видуајќи го жената, па го прашала:

- Што така невесел, домаќине?

- Е, што сум де што, домаќинка, сите бели по мене идат, напре ме тераа да земам уште една жена, а сега да земам еден маж, та два мажа да водиме една жена, или да даам две илјади грошои, да да не земам друг маж. Ете, тоа гајле имам, домаќинка, сега. Учи ме сега како да праам? - је рекол.

- Ако ме слушаш мене, домаќине, ти сега пара скршена да не даваш, а не две илјади грошеи да даиш. Оти денеска лесно пари не се печалат, разбра? Ама ќе те тоарат уште еден маж да земиш, па ти земи го и - толку! Јас да сум ти жива и тебе измето ќе ти го прам и нему!

- Е, арно за измето ќе го праиш, мори домаќинка, ами не не бери тројцата во една постела да си лежиме.

- Ха, не не берело, тројцата во една постела да лежиме: ами ти ќе се поистаиш потамо, ја ќе се поистаам поамо - и ќе не бере. Како не ќе не бери? Ке не бери, ќе не бери, оди ти земи си уште еден маж и не давај пари. Ете, така да знаиш, домаќине!

Ете колку била верна жената: две жени неќела да има, а два мажа сакала.

Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни
Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org