Јас стар, тизе млада
Имало едно време еден стар човек. Арно ама, иска да се жени. Јавува му се една млада жена. Викал му народо:
„Бреј, немој да зимаш тизе таа жена, не мож да а ебеш! Таа жена кур ќе тражи!“
Нејсе, земал ја таа жена. На вечерта легнали си. И са тове човек иска ама не му станува куро.
- Де бе, човече?
- А, жено, таа вечер немој. Утре вечер ќ'ида да го поправјам. Има мајстор на едно место, ќе го близничи. Ќе му тура малку близница, па тогава ...
- Е, дека е бе, човече, тове мајстор?
- А, далеко е - вика. Далеко е, дури у Скопје.
- Е, добро, колку па тера?
- Ногу е скапо - сто лири - ама мора да се плати. Са шчо ќе праа? Јазе стар, тизе млада!
- Дигнеш ми нозете, баркаш тука, баркаш понам, не мош никак да ми го вкараш.
- Чекај бе, жено, дај ми ти на мен сто лири д'иа да го поправа, па ќе видиш што права јас. Дај ми ти на мен сто лири!
И таа - тингар, тангар - дај му сто лири. Иди у Скопја. Од меана на меана, од алваџиница на алваџиница. Јал, пил еден мeceц. Дошел като свинче у врато, па божем кур прави! Он ошел да се најаде, да се напие. Е, едно време стана. Ошел дoмa. Жената мy оште на вратата го чека.
- Човече, добро дошел!
- Добре дојдох, жено!
- Е, ка е сега?
- Е, ќе виш довечера...
- Ќе видиме де, ќе видиме!
И веќе мркнува. Са на жената сака и сеа на човек па се јаде:
- Жено, дај да вечераме, па тогава тиа работи ќе вршиме. Сега сам гладен, нема какво. Иска да се наручам јазе убаво па тогава да вршим нашта работа.
- Ако, човече, какво речеш, ама побрзо да јадеш!
- Па, ќе се удава, бе жено, немој ... поленка, поленка ... Таа наш е наша ...!
- Добро, човече, ајде!
Вечерал што вечерал, дигнал и нозете. Таман го намести, она издивни кура вонка! Таман го па нагнети, она па: ехеее (се искашлува), кура па вонка!
- Оти бе жено, ја го намиштам па ти го искаруваш?
- Човече, слаб е оште! Това ќе го направи едно маленко дете а ти човек. Това не може!
- Жено бе, има мана па, да го еба, па има мана!
- Е, човече, има мана!
- На едно место појачуваа и наддаваа ги: да са под'лги и појаки.
- Еми, колку тераа, бе човече?
- Тераа сто лири, ама нема дека да го скриеме оти ќе биде д'лг.
- Човече, ќе си го чуваме у санд'ко.
- Е, какво бе тека, жено? Какво тека ќе го чуваш у санд'ко? Това не е нешто јабака, не е нешто пресно за јадење, да го криеш ф санд'к! Това е кур!
- Ако, бе човече, јас ќе го усукам сос в'на ката некое маленко дете, ќе го скриа таму у санд'ко. Коа ќе ни притребе, ќе си го извадиме, ќе си го земеме. Е, вижда ле го ти там дека го праат?
- Виждах го.
- Е, ко'ку тека беше гулемо?
- Така, една педа и еден клекавец!
- Арен е, човече, земи го! Земи го, това е арно за нас.
Ајде тамо да зима божем кур. Јал, пил, кркал. Ошел па дома.
- Жено - вика - земи ми мајсторо парите и си гладен од там дојдех.
- А, мери ле го това?
- Мерих го.
- Ко'ку беше?
- Една педа и еден клекавец.
- Ега го огин изгори! Какво бе така, човече, тебе да те излаже?
- Е, жено, тека беше ама па ќе ода.
Тове легнал божем да спие.
- Чекај, да се почина, жено, зере капнах.
А она зема фурката - преде. И за'ркал божем: хррр, хррр ! Она фани на фурката на рачката една педа и еден клекавец: „У, ега те огин изгори, што не го зема!„ Фане трипати: чак, чак, чак ... цалне фурката. Цалне фурката на рачката. Тове па: хрр, хрр ... Она попреде, попреде, па: една педа и еден клекавец ! И: „Ега те огин изгори, ега не си жив! Зашчо го не зема, еле ќе си го чуваш у санд'ко ! И куа и тебе ќе те немаше јас сама ќе си го боболех ф мене.“
Тове се свести:
- Жено, што нешто ти викаш? Дали на мен нешто кажуваш? Баеш ле? Ме разбуди - вика - огин да го изгори, огин да го изгори!
- Ништо, мажу, тека фурката не може нанадоле да ми фане та да преда. Е, после шчо праиме?
- Е, шчо праиме, па ќе ода, па што иска нека е.
Нејсе, ојде па на тове мајсор там божем што прави куровето. Рекол:
- Слушај, ќе ти дам сто лири, ама ќе ми го наддадеш, ќе му туриш од гума ле ... Какво ќе правиш да го онадиш оти иска да е гулем оште ко'ку една педа. Ко'ку сака нека излезне, ја ќе ти плата.
Добро, легни!
Тове измери од белие гуми. Тури му на куро. Намажи го сос туткал, сос нешто ... И тове стави го фоф потурјето.
Ошел дома.
- Еј, жено, и сега ако ме засрамиш - рекол ќе ти еба маќата! Бркни де, па да видиш: ќе искараш ле смочисчак!
Са таа бркнува:
- А, што е това, бре човече, шчо е това? Ја не смеа ни да легна при тебе.
- Е, не може!
- Легнала, не легнала тове ќе го собереш! Или ќе мриеш или ќе го собереш! Се ме кара да го права. Е, сега го направих. Ојдоа триста лири ... Што мислиш, бркни! Тове накоравил го малку а гумата се дигнала а главата од гумата дебела.
- Човече, ќе ти опроста сичко нешто а това немој да го тураш фоф мене. Ќе умра, това не мога да го прибера ... Това е магарешки .... това не е кур!
- Дадох то'ку пари - триста лири - и сега неќеш. Какво тоа мош да биде? Дај, легни!
- Немој, бе човече, молам ти се! Ја ти сто лири озгоре, само немој таа работа да ми направиш. Ја ќе умра, бре, шчо е това?
- Не, не, жено! Дај само да приближиме само покор путката. Нека а цалне еднаш! Ако не даваш, барем да а цалне еднаш.
- Е, човече, ако а цалне и ќе го фкараш, и ќе флезне. Не бива! А цаливање и флазинање!...
- Дај, море, дај, дај! ...
Арно ама, тове некак кандрдиса а. Фата напред, ка легна дигнал и убаво нозете. Накара сега гумата напреде сос прсто. Набутал гумата, а бакл'м и куро. Тука таа:
- Човече, извади го, ја ти оште сто лири на тебека!
И станала, чукнала го.
- Алал ти вера, стар си, ама спрема мене дојде како што требаше. Ја виках стар си, не мош да вршиш работа, ама си го поправил ...
- Е, поправих го ама сос лирите. Ами сега? Тражи ми оште сто лири да му однесам што го направих.
- На ти на тебе оште сто лири. Сакаш прави го, сакаш не, оште еднаш не смееш да ми вршиш таа работа.
Збогум сос здравје!
Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни