Жената мераклија

The pleasure-loving woman

Си се оженило некое момче. Тогај момчето било 'ногу силно и јако: од дрен можело вода да исцедит. Ама како се оженало, надолу му кинисало. Од ден на ден се послабо и послабо станвело. Коска и кожа се сторило. А то, не оту некоја болест имало, туку од пустото жениште. Голема мераклија била таја, ич дерман не му давала. Докај појди му викала:

- Ај да свршиме работа, ај да свршиме работа.

По некое време го сретнал неговиот побратим и му рекол:

- А бре побратиме, што оуки ти ослабе, се стори за никаде, откако се ожена. Да не немаш да јадиш, да пиеш, што ти е, да не си болен?

- Се има, ама пустата жена мир не ми дават, не ме остават, ме исуши!

- Е, побратиме, му рекол пријателот, ич не плаши се, ја ќе те спаса. Имаш некоја нива за косење?

- Има една ливада - му рекол овој.

- Добро, рекол побратимот, ја и ти ќе ојме таму утре да косиме, а женати да дојт ручег да ни донесит.

Како што се договориле, другиот ден уште рано отишле да е косат ливадата. Побратимот собрал по некое речиште обелени коскишта, 'и нанизал на една низа и и врзал на појас околу себе. Кон полденот дошла жената, донесла ручег и се така се пулит во коските и му велит на мажот:

- Што е онака човекон, со коскине околу него?

- Опитај го него - рекол мажот - што зна ја што е!

- Страмота, не страмота - му рекла таја на побратимот од мажот - ама ако мојш да ми кажиш што 'и носиш така коските?

- А мори, сестро, ме опитвиш, да ти кажа, ама е страмота.

- Не, ќе ми кажиш зошто 'и носиш коските? - му рекла пак таја.

- Слушај ваму, сестро, ти си жена од побратимов и сестро ќе те вика. Ја си имав една жена. Овие се коските нејзини. Од жал што беше лична, дур да умра вака ќе 'и носа. Ама таја си е кабаетлија, ногу сакаше да е љуба, да ми простиш, од тоуку што бараше се стори коска и кожа и така умре.

Се уплашила жената од преголема љубов да не умрит и таја и си зела клетва појќе да не лежит со мажот. Вечерта дошол мажот, а таја настрана легнала и не сакала ни да се доберит до неја сиромашкиот.

Е, поминало една година и појќе време, а таја ни помислувала за мажот. Се нашол тој со побратимот и му велит:

- Не зна дали ти ми стори подобро или полошо. Ево, појќе од година, женава нејќет да чует да спиет со мене, барај чаре нешто?

- Чекај - велит побратимот - ќе дојда, ќе е попрајме работата.

Дошол тој дома им и, од збор на збор, е велит на невестата:

- Како си, како си вршиш со момчево?

- Никако - рекла таја - ево една година ништо не прајме, се плаша да не умра и ја како жена ти.

- Не плаши се, посестримо - рекол овој - мојт вие да си водите љубов по еднуш, по двапати на вечер, ништо од то да не се плашите.

Така невестата се ослободила од стравот и пак со момчето почнала да си води љубов, ама сега, како што е ред, помалку, а не како пред тоа кога ќе и текнело и во секое време.

Кирил Пенушлиски. Македонски еротски приказни
Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org